Свет Европа Наследничката на Меркел во ЦДУ нема да се кандидира за канцеларка на...

Наследничката на Меркел во ЦДУ нема да се кандидира за канцеларка на Германија

Анегрет Крамп-Каренабуер, лидерката на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), која што германската канцеларка Ангела Меркел ја избра за нејзина наследничка нема да се кандидира за канцелар на следните избори, изјави денеска извор од ЦДУ.

Парламентарните избори во Германија ќе се одржат во 2021 година.

Изворот кажал дека Меркел инсистирала Крамп-Каренбауер да остане на функцијата министер за одбрана.

Крамп-Каренбауер беше во центарот на политичкиот скандал заради кој за време на викендот беше свикан и состанок на владеачката коалиција, со кој претстедаваше канцеларката Меркел, откако во покраината Тирингија за првпат беше избран премиер со помош на гласовите на десничарската „Алтернатива за Германија“. Социјалдемократите бараат одговори за тоа и одговорност од Христијанско-демократската унија, критикувајќи го водењето од страна на Каренбауер.