Свет Европа Насилно раселени 2.000 мигранти од центарот на Париз

Насилно раселени 2.000 мигранти од центарот на Париз

Вооружени француски полицајци насилно го раселија мигрантскиот камп во Париз, што предизвика бунт кај Авганистанците, Сиријците и кај Еритрејците во прифатниот центар.

– Ова не го очекувавме. Прво ни обезбедија шатори, па ни донесоа храна преку викендот, а сега нè бркаат – вели Теган Угомаи, 26-годишник од Судан.

Локален функционер изјави дека повеќе од 2.000 мигранти плански се распоредени во 60 центри за привремено сместување во сите делови на Франција.

Хуманитарните организации обезбедиле шатори и храна за мигрантите, но не се во можност да им обезбедат минимум хигиенски услови.

Парижани се плашат од ширење на заразни болести, најмногу од шуга која веќе е дијагностицирана кај мал број бегалци.