Свет Насилни протести во Етиoпија против исламскиот екстремизам

Насилни протести во Етиoпија против исламскиот екстремизам

Повеќе од 100.000 лица денеска протестираа во етиопскиот главен град Адис Абеба поради убивањето на етиописки христијани во Либија, како и против етиопската влада и нејзината економска политика.

Најмалку сто лица се уапсени откако демонстрантите се судрија со полицијата.

Џихадистичката организација Исламска држава викендов објави видеоснимка на која е прикажана егзекуција на повеќе лица за кои се претпоставува дека се киднапирани Етиопијци.