Економија Народна банка пушти во оптек четири нови ковани пари

Народна банка пушти во оптек четири нови ковани пари

Народната банка издаде и пушти во оптек ковани пари за колекционерски цели „Година на кучето – богата година на кучето“, „Година на кучето – безбедна година на кучето“, „Руски лавиринт“ и „50 години од Македонската академија на науките и уметностите“.

Кованата пара „Руски лавиринт“ е изработена од сребро со тежина од 50,47 грама  и изнесува 4.300 денари. Кованата пара „50 години од Македонската академија на науките и уметностите“, пак, исто така е изработена од сребро со тежина од 28,28 грама и изнесува 2.500 денари.

Цената на другите две ковани пари за „Година на кучето“ изнесува 3.200 денари.

Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Македонија.