Економија Народна банка: Продолжува растот и на депозитите и на кредитирањето

Народна банка: Продолжува растот и на депозитите и на кредитирањето

Фото: Мета.мк

Народна банка информира дека во јуни, вкупните депозити продолжија да растат на месечна основа, што се должи на растот на депозитите на домаќинствата со малку поизразен придонес на корпоративниот сектор. На годишна основа, депозитите на корпоративниот сектор и на секторот домаќинства се зголемени за 11,2 и 8,7 проценти, соодветно.

„Вкупните кредити продолжија да растат на месечна основа, со нешто поизразено учество на корпоративниот сектор. Годишниот раст на вкупните кредити изнесува 6,6 проценти и се должи на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес на секторот домаќинства. На годишна основа, кредитирањето на корпоративниот сектор бележи раст од 4,6 проценти. Вкупните кредити на домаќинствата забележаа годишен раст од 8,8 проценти,“ информираат од Народна банка.