Економија Народна банка ќе може да се следи на „Фејсбук“ и на „Твитер“

Народна банка ќе може да се следи на „Фејсбук“ и на „Твитер“

Народна банка од минатата недела е присутна на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Твитер“, заради, како што информираат од банката, зголемена информираност на граѓаните за нејзината улога и за значењето во домашната економија.

Од банката додаваат дека оваа активност се надоврзува на веќе почнатите активности на годинешниот јубилеј „70 години централно банкарство во Република Македонија“ со мото „Запознајте ја централната банка“.