Свет Направата пронајдена во авионот на „Ер Франс“ била бомба

Направата пронајдена во авионот на „Ер Франс“ била бомба

Сомнителната направа пронајдена во тоалетот во авионот на „Ер Франс“, кој летал од Маврициус до Париз, била бомба, потврдија кениските власти.

Во тек е испрашувањето на шест патници поради сомневање дека се поврзани со поставувањето на бомбата, соопштија од полицијата.

„Боингот 777“ со 463 патници и со 14 членови на екипажот го напуштил Маврициус во 21 часот по локално време и требало да слета на аеродромот „Шарл де Гол“ во Париз во 5.50 часот по локално време.

Поради сомнителната направа, авионот принудно слетал на аеродромот во Момбаси во Кенија.

Екслозивната направа е изнесена од авионот, а истрагата е во тек.