Свет Европа Напаѓачот во Париз извикал: „Ова е за Сирија“

Напаѓачот во Париз извикал: „Ова е за Сирија“

Министерот за внатрешни работи на Франција, Жерар Коломб, изјави дека напаѓачот на полицаецот пред катедралата Норт Дам пред нападот извикал „Ова е за Сирија“.

Коломб истакна дека во лични документи на напаѓачот стои дека е студент од Алжир.

Инцидентот се случил пред познатата катедрала кога непознат маж со чекан тргнал да нападне полицаец. Откако не застанал по предупредувањето, другите полицајци отвориле оган и го раниле во пределот на градите.

Во околината на инцидентот веднаш се распоредени безбедносни сили, а полицијата апелира до граѓаните да го избегнуваат овој дел од градот.

„Ситуацијата е под контрола, еден полицаец е полесно повреден, напаѓачот е неутрализиран и е префрлен во болница“, објави полицијата на „Твитер“.