Свет Европа Напаѓачот од Берлин убиен во Милано

Напаѓачот од Берлин убиен во Милано

Тунижанецот Анис Амри, осомничен дека го возел „камионот на смртта“ во Берлин, наводно е убиен во Милано во вооружена пресметка, јавуваат светските медиуми.

Агенцијата АНСА пренесе дека Амри е убиен три часа по полноќ, за време на рутинска полициска контрола.

Наводно полицијата од Амри побарала документи, а тој од ранецот извадил пиштол и пукал и ранил еден од полицајците. Единицата возвратила и го усмртила Амри.

Германските медиуми јавуваат дека човекот за кој се смета дека управувал со камионот кој усмрти 12 лица во Берлин е убиен за време на рутинска контрола во миланското предградие Сесто Сан Џовани.

Медиумите претходно јавија дека 24-годишниот Амри во 2011 година, некое време престојува на италијанскиот остров Лампедуза.

Агенцијата АНСА објави една фотографија од април 2011 година, на која се гледа Амри со уште две момчиња, негови сонародници, откако полицијата ги уапсила откако запалиле школо во Лампедуза. Амри за ова дело доби четири години затвор. Во затворот не покажувал знаци на радикализација, а по излегувањето од таму Амри требало да биде депортиран во Тунис, но оттаму не сакале да го примат назад, затоа што и во своето родно место правел проблеми.