Свет Свет Напад во Египет: Исламска држава уби генерал

Напад во Египет: Исламска држава уби генерал

Еден полициски генерал е убиен со огнено оружје на истокот на Египет, а одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава, соопшти египетското министерство за внатрешни работи.

– Непознати лица од еден автомпбил во градот Ел Ариш, во провинцијата Северен Синај, отворија оган врз полициската единица за време на патрола на трупите, под команда на генералот Калед Камал Осман – наведува египетското министерство.

Исламска држава на „Твитер“ ја презеде одговорноста за нападот.