Македонија Наместо во Собрание, Иванов утре ќе има годишно обраќање во својот кабинет

Наместо во Собрание, Иванов утре ќе има годишно обраќање во својот кабинет

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, утре во 11 часот ќе го одржи своето годишно обраќање, соопштија од кабинетот на претседателот.

Иванов годинава, бидејќи Собранието сè уште не е конституирано, обраќањето ќе го има во својот кабинет.

Минатата година Иванов годишното обраќање го одржа пред полупразен парламент, односно во отсуство на пратениците на СДСМ и на ДУИ. Тогаш тој повика на обединување и на ставање крај на политичката криза и оцени дека 2016 година ќе биде тест за Македонија.