Подглавна секција Најмалку 39 лица биле убиени при израелските напади во северниот дел на...

Најмалку 39 лица биле убиени при израелските напади во северниот дел на Газа

Фадел Наем, директор на болницата Ал-Ахли во Газа, изјави дека повеќе од триесетина тела пристигнале во болницата

Photo by CHUTTERSNAP on Unsplash

Најмалку 39 лица загинале при напади низ северниот дел на Газа вчера а спасувачките екипи се обидуваат да најдат преживеани под урнатините, пишува Асошиејтед прес.

Фадел Наем, директор на болницата Ал-Ахли во Газа, изјави дека повеќе од триесетина тела пристигнале во болницата. Палестинската цивилна одбрана, група за итни случаи активна во Газа, соопшти дека нејзините работници за итни случаи барале преживеани на местото на нападот во бегалскиот камп Шати западно од градот Газа и известуваат дека извлекле неколку десетици тела од зграда.

Израел во саботата соопшти дека нивните борбени авиони нападнале две воени локации на Хамас во областа на градот Газа, но не дадоа повеќе детали околу операцијата.

Ова се случува еден ден откако најмалку 25 луѓе биле убиени при напади врз шаторски кампови во близина на јужниот град Рафах.

Израел во саботата соопшти дека продолжува со инвазијата на Рафах, каде над еден милион Палестинци побарале засолниште од нападите.

Повеќето од нив сега го имаат напуштено градот, но Обединетите нации велат дека ниту едно место во Газа не е безбедно, а хуманитарните услови се страшни бидејќи семејствата се засолнуваат во шатори и тесни станови без соодветна храна, вода или медицински материјали.