Свет Најмалку 30 загинати во напад на воена база во Сомалија

Најмалку 30 загинати во напад на воена база во Сомалија

Најмалку 30 лица биле убиени во вооружен напад на воена база на Африканската унија, во јужниот дел на Сомалија, изјавиле очевидци, пренесуваат светските медиуми.

Станува збор за напад на бомбаш-самоубиец, кој детонирал автомобил-бомба пред главниот влез на базата во Лего, покрај патот што ги поврзува главниот град на Сомалија, Могадишу, и градот Баибоа.

Милитантната исламистичка група Ал шабаб, која се бори против властите во Сомалија за преземање на контролата над земјата, соопштила дека ја презела контролата на базата, но, според медиумите, станува збор за непотвредени информации.

Во базата претежно се стационирани војници на Буринди, како дел од мисијата на Африканската унија во Сомалија.