Свет Свет Најмалку 104 исламисти се убиени во воздушните напади на Сирија

Најмалку 104 исламисти се убиени во воздушните напади на Сирија

Најмалку 104 екстремисти на Исламска држава се убиени во воздушните напади од страна на коалицијата предводена од САД и турските артилериски напади во Сирија, соопшти денеска државната новинска агенција „Анадолија“.

Во соопштението се наведува дека нападите се случиле доцна синоќе, неколку часа откако испалени ракети од Сирија го погодиле југот на Турција и раниле пет лица.

Во воздушните и артилериските напади биле уништени седум објекти кои Исламска држава ги користи како седиште.

Годинава, во прекуграничните напади од Сирија на градот Килис во Турција убиени се 21 лице, а ранети неколку десетици цивили.