Свет Европа Надлежните не знаеле за состојбата на Лубиц

Надлежните не знаеле за состојбата на Лубиц

Германското Федерално биро за воздухопловство соопшти дека немале претходни сознанија дека копилотот на авионот на „Џерманвингс“, Андреас Лубиц, се борел со тешка депресија, пред катастрофата на француските Алпи, во која загинаа 150 луѓе.

Од Федералното биро, за весникот „Велт ам сонтаг“, навеле дека првпат слушнале за менталните проблеми на Лубиц кога добиле пристап во неговото медицинско досие во „Луфтханза“ на 27 март, три дена по несреќата.
Лекарите на „Луфтханза“ кои го прегледале Лубиц, не ги известиле властите дека е во рана фаза на длабока депресија.

Весникот наведува дека лекарите на компанијата психолошки го тестирале Лубиц најмалку шест пати, од 2009 година, но понатамошни проверки на неговото ментално здравје не биле спроведени.