Дописници Повеќе од 200 лица уапсени во Варшава

Повеќе од 200 лица уапсени во Варшава

Во собирот учествувале неколку десетици илјади лица

Најмалку 215 луѓе беа уапсени по судирите што избувнаа во Варшава кога полски националисти излегле на улиците за да го одбележат Националниот ден на независноста на земјата. Ситуацијата се вжештила кога протестантите почнале со камења да фрлаат на полицијата, која возвратила со водени топови.

Полските медиуми пренесуваат дека една полицајка била повредена во немирите. Во собирот учествувале неколку десетици илјади лица, а поради инцидентите кои избиле на неколку места, маршот бил запрен извесно време.

Портпарол на варшавската полиција изјави дека силите на редот успеале да изолираат „дел од хулиганите кои се одвоиле од протестниот марш“.

Вакви маршови во главниот град на Полска се организираат од 2008 година и најчесто завршуваат со судири меѓу ривалските политички организации.