Главна секција Почна трибината на ВМРО-ДПМНЕ, присутни сите министри и раководството на партијата

Почна трибината на ВМРО-ДПМНЕ, присутни сите министри и раководството на партијата

Сите министри во Владата на Република Македонија, членовите на раководството на ВМРО-ДПМНЕ со премиерот Никола Груевски и со неговата сопруга, се присутни на трибината на ВМРО-ДПМНЕ што почна во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Салата е целосно исполнета, а пред Спортскиот центар има, исто така, многу граѓани.

На почетокот се обратија актерот Тони Михајловски и бранителот Јохан Тарчуловски, кој обраќањето го заврши со повикот „Да живее Македонија, обединета Македонија“.

Во уметничко-забавниот дел, настапуваат членовите на ансамблот „Танец“, кои исполнуваат македонски патриотски песни.

Трибината почна со македонската химна, која ја испеа Калиопи.