Македонија На Токсикологија примени 32 пациенти, 16 претерале со алкохолот за Нова година

На Токсикологија примени 32 пациенти, 16 претерале со алкохолот за Нова година

На Клиниката за токсикологија, за новогодишната ноќ биле примени 32 пациенти, од кои 16 биле во алкохолизирана состојба, соопшти докторот Нестор Поповски, од Клиниката за токсикологија, пренесува „Република“.

Според информациите, поголемиот дел од лицата што претерале со алкохолот биле девојчиња на возраст меѓу 14 и 21 година.

Двајца од пациентите биле примени поради труење со јаглерод диоксид, кое настанало при греење.

По укажаната лекарска помош, сите биле пуштени дома.