Македонија На претставници од „Студентски пленум“ им беше забрането да влезат на дебата...

На претставници од „Студентски пленум“ им беше забрането да влезат на дебата во Министерството за образование

На студентите од „Студентски пленум“ не им беше дозволено да влезат на дебатата за измените во Законот за високо образование, која експресно беше пренесена во просториите на Министерството за образование.

Во последен момент, Министерството за образование и наука ја промени локацијата за одржување на најавената дебата. Таа денеска требаше да се одржи на Педагошкиот факултет во Скопје, но наместо таму, се одржа во просториите на Министерството. Тоа ги изреволтира дваесетината студенти од „Студентски пленум“, кои со транспаренти, иако непоканети, се упатија на дебатата. Нив, пак, ниту вчера, ниту денеска никој не ги поканил и информирал за дебата за државниот испит и за измените во Законот за високо образование.