Култура На Скопскиот филмски фестивал, денеска работилница за анимиран филм

На Скопскиот филмски фестивал, денеска работилница за анимиран филм

Во рамките на годинешната програма на Скопскиот филмски фестивал, денеска Берин Тузлиќ, уметник од Сараево, ќе одржи работилница за анимиран филм. Работилницата ќе се одвива во Кинотека на Македонија, со почеток во 12 часот.

Берин Тузлиќ е мултимедијален уметник од Сараево, доцент по цртана анимација. Добитник е на многубројни награди од областа на краткиот анимиран арт-филм, изработка на реклами и на стрипови.

Јубилејното 20. издание на Скопскиот филмски фестивал завршува утре, со проекции на неколку извонредни филмски остварувања.