Македонија На протестот против загадувањето на воздухот само педесетина луѓе

На протестот против загадувањето на воздухот само педесетина луѓе

Од вчера најавените помалку од 600 луѓе на настанот на Фејсбук, денеска пред Владата на Република Македонија се појавија педесетина луѓе за да протестираат против загадувањето на воздухот.

„Вие и вашите деца дишете ли друг водух?“ „Чист воздух – здрави деца“ беа само дел од транспарентите изложени пред владата. Присутните се разочарани од одзивот на протестот и порачаа граѓаните да бидат гласни сите денови, а не само во деновите на преголема загаденост.

Луѓето што протестираа денеска велат дека досегашните владини мерки се само декорации, а не и трајни решенија за борба со ПМ10 и ПМ2,5 честичките.