Македонија На продажба 1.000 државни деловни простории

На продажба 1.000 државни деловни простории

За унапредување на можностите за бизнис-заедницата и за создавање услови за поефикасно стопанисување со просторот, а како одговор на барањата на бизнис-заедницата, Владата на Република Македонија ја почнува постапката за продажба на деловен простор кој е во сопственост на Република Македонија, истакна на денешната прес-конференција Алексадар Ѓеоргиев, портпарол на Владата.

– Се почнува со операционализација на една активност, која е резултат на подолг дијалог со бизнис-заедницата и за која првин беа направени законски измени и решенија, потоа се пристапи кон анализа на расположливиот простор, процена на вредноста на тој простор, за потоа и да се донесе одлука за почеток на процесот. Во согласност со нашите процени, предмет на овој процес ќе бидат околу 1.000 единици деловен простор. Во првата фаза, за која е донесена и одлука, ќе биде објавен јавен оглас за продажба на 100 единици деловен простор со кои стопанисува АД за стопанисување со деловен простор во државна сопственост-Скопје – рече Ѓеоргиев.