Македонија На Петровец утре нема да се наплаќа патарина, ќе се снима францускиот...

На Петровец утре нема да се наплаќа патарина, ќе се снима францускиот филм

Поради снимањето на францускиот филм „А фонд“ (A Fond), утре, 3 октормври, во периодот од 5 до 18 часот, затворена во двата правци ќе биде патарината Петровец, на автопатот Скопје – Велес, известуваат преку Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ) од продукциската куќа „Шик филмс“ и „Манауфактура продукција“.

Оттаму, соопштуваат дека автопатот нема да биде затворен за сообраќај, туку ќе има соодветна патна сигнализација за заобиколување, а патарината нема да врши наплата.

За потребите на снимањето на филмот, речиси цел септември беше затворената за сообраќај скопската обиколница.