Македонија На конкурсот на МВР за вработување 600 полицајци, се пријавиле 2.622 кандидати

На конкурсот на МВР за вработување 600 полицајци, се пријавиле 2.622 кандидати

Министерството за внатрешни работи денеска почнало со првата фаза на селекција на кандидатите за полициски службеници. На конкурсот за вработување 600 полицајци, според МВР, се пријавиле вкупно 2.622 кандидати.

Првата фаза на селекција на кандидатите опфаќа проверка на моторичките способности.

„Во Центарот за обука во Идризово и во касарните „Илинден“ и „Ѓорче Петров“, во согласност со подготвениот план и агенда за спроведување на постапката, до петок ќе се врши проверка на вкупно 2.622 кандидати, кои се пријавија на конкурсот за вработување на 600 полицајци. Според полот, на овој конкурс се пријавија 2.091 мажи и 531 жена, а според етничката припадност, 2.080 кандидати се Македонци, додека останатите 542 кадидати се припадници на другите етнички заедници“, стои во соопштението на МВР.