Македонија На Клиниката за токсикологија биле примени 30 лица

На Клиниката за токсикологија биле примени 30 лица

На Клиниката за токсикологија биле примени 30 лица во алкохолизирана состојба, од кои 60 проценти мажи и 40 проценти жени, а имало и шест малолетници, од кои најмалата имала 14 години.

– Главно, се работеше за интоксикации со алкохол, додека во три случаи биле со марихуана и со психоактивни супстанци, како што се екстази и други разни таблети – информираше в.д. директорот на клиниката, Нестор Поповски.