Свет На Филипини ранети 33 лица во два бомбашки напади

На Филипини ранети 33 лица во два бомбашки напади

Најмалку 33 лица се ранети во два одвоени бомбашки напади на Филипини, од кои еден е изведен за време на аматерски боксерски меч, соопштија денеска локалните власти.

Во првиот напад, доцна синоќа, експлодирале две бомби на централниот остров Лејте. Ранети се седум лица кои го следеле боксерскиот меч во градот Хилонгос, информираше полицијата.

Уште една бомба, која не експлодирала, е пронајдена во градот, кој се наоѓа 620 километри јужно од Манила, рече градоначалникот Алберт Вилјахермос.

Еден час подоцна, експлодирала бомба на автопат на јужниот остров Минданао, ранувајќи шест лица, соопшти војската.

Засега никоја не ја презеде одговорноста за нападите.