Македонија На ФЕИТ беа промовирани нови 275 инженери и 113 магистри

На ФЕИТ беа промовирани нови 275 инженери и 113 магистри

Нови 275 инженери и 113 магистри, вчеравечер промовираше Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).

На промоцијата, која се одржа во Македонскиот народен театар, деканот на ФЕИТ, Миле Станковски, им порача на дипломираните и на магистрите дека ова е дипломирањето, односно магистратурата ги става на нова почетна линија.

Од дипломираните годинава, 21 беа промовирани како најдобри студенти во генерацијата со просек поголем од девет. На манифестацијата беа поделени и наградите „Инженерски прстен“, „Атанаско Кантарџиев“, „Стамболиев“, од институциите Македонски национален комитет при Меѓународната конференција за големи електрични системи (МАКОСИГРЕ) и од Здружението за електроника, телекомуникации, автоматика и информатика на Македонија – ЕТАИ.

Во досегашното 56-годишно постоење, Факултетот образувал речиси 10.000 електроинженери, создал повеќе од 850 магистри и повеќе од 120 доктори на науки.