Македонија На Денот на дрвото градинките ќе згрижуваат деца

На Денот на дрвото градинките ќе згрижуваат деца

Министерството за труд и социјална политка соопшти дека утре ќе биде неработен ден за граѓаните на Република Македонија поради спроведување на акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“.

Од Министерството велат дека детските градинки ќе работат за родителите што ќе имаат потреба од згрижување на нивните деца.
„Родителите што имаат потреба за згрижување на нивните деца на 3 декември (среда – неработен ден) ќе можат да ги донесат децата во детските градинки, со тоа што организацијата за прием и за згрижување е во надлежност на градинките“, соопшти Министерството.

Во училиштата Денот на дрвото ќе биде работен, но нема да има настава, туку ќе се спроведат акции во училишните дворови.