Македонија На „Богородица“ спречен обид за криумчарење на 72 штеки цигари

На „Богородица“ спречен обид за криумчарење на 72 штеки цигари

Штеките цигари биле најдени во кабината на камионот, скриени зад тапацирот во фабричката шуплина наменета за изолација на кабината

фото: Царинска управа

Царинските службеници спречиле обид за криумчарење на 72 штеки цигари што македонски државјанин без да ги пријави сакал да ги внесе во Македонија преку граничниот премин „Богородица“.

Како што соопштија од Царинската управа, вкупната вредност на штеките цигари изнесува 167.588 денари, при што вкупните давачки што лицето сакало да ги избегне изнесуваат над 113.000 денари.

Цариниците ги откриле штеките цигари во кабината на камионот со кој управувало лицето. Цигарите биле скриени зад тапацирот во фабричката шуплина наменета за изолација на кабината.

Штеките со цигари се одземени, а против лицето се води соодветна постапка.