Свет Европа На аеродром во Стокхолм, азилант од Етиопија пронајден во багажник на авион

На аеродром во Стокхолм, азилант од Етиопија пронајден во багажник на авион

Шведските власти соопштија дека, денеска на меѓународниот аеродром во Стокхолм откриле „слеп патник“ на летот од Адис Абеба, кој се сокрил во просторот наменет за багажот.

Станува збор за дваесетгодишен илегален емигрант од Етиопија, кој сакал да побара азил во Шведска, кој стигнал жив и здрав и не покажувал знаци на хипотермија.

Тој работел на аеродромот во Адис Абеба, и тоа го искористил, да се сокрие во тој простор на авионот, а го откриле неговите шведски колеги при истоварање на багажот.

Полицијата го предала на имигрантските власти.