Македонија На 9 февруари почнува судењето за „Диво Насеље“

На 9 февруари почнува судењето за „Диво Насеље“

Идниот вторник, на 9 февруари, во Основниот суд Скопје 1 ќе почне судењето за „Диво Насеље“.

На јавната седница за оцена на обвинителниот акт за случувањата во Куманово од 9 и од 10 мај минатата година сите 29 обвинети за тероризам во случајот „Диво насеље“ се изјаснија за невини за делата за кои се товарат.

Адвокатите на одбраната дадоа приговор во кој истакнаа дека надлежноста за овој случај треба да ја преземе Специјалното јавно обвинителство, а сите списи да се предадат на специјалната обвинителка Катица Јанева, бидејќи, како што рекоа, овој предмет произлегува од незаконското следење на комуникациите.