Македонија На 14 јануари, „Ден на тишината“

На 14 јануари, „Ден на тишината“

По повод масакрот кој се случи во редакцијата на францускиот магазин „Шарли ебдо“, земјите од регионот – Хрватска, Македонија, Романија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, кои се дел од платформата „Ферпрес.еу“, иницираат „Ден на тишината“, кој ќе се одбележи на 14 јануари во перидот од 11.30 (времето на нападот на редакцијата) до 14 часот во сите шест земји.

„Се повикуваат сите медиумски куќи, новински агенции, сите блогери и сите граѓани што се присутни на социјалните мрежи, на своите веб-страници и на социјалните мрежи, во наведениот термин да објават само напис „Ден на тишината“ со што ќе се покаже како би изгледал светот без новинари, медиуми и без зборови“, стои во соопштението од Центарот за медиумиски активности.