Македонија На 13 декември ќе се одработува за „Ден на дрвото“

На 13 декември ќе се одработува за „Ден на дрвото“

Тринаесетти декември (сабота) ќе биде работен ден, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Тој ден, се вели во соопштението, ќе се одработи неработниот ден што Владата на Република Македонија го прогласи на 3 декември (среда) поради одржувањето на акцијата „Ден на дрвото“.