Македонија МЗ: Во изминативе два дена аплицирани 9.009 дози вакцини против ковид-19

МЗ: Во изминативе два дена аплицирани 9.009 дози вакцини против ковид-19

Фото: Мета.мк

Во изминатите два дена аплицирани се вкупно 9.009 дози вакцини, од кои 1.873 се аплицирани како прва доза, 1.580 се ревакцинирани, а 5.536 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 2 ноември, вкупно се вакцинирани 806.781 граѓани, ревакцинирани се 777.655, а трета доза примиле 36.424 граѓани.

54 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина, соопшти Министерството за здравство.

Според официјалните податоци на министерството, опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години.

Според бројот на аплицирани вакцини, 39 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина.