Македонија МЗ: Ревакцинирани 45 проценти од полнолетните граѓани во државата

МЗ: Ревакцинирани 45 проценти од полнолетните граѓани во државата

Фото: Мета.мк

Вчера и во петокот аплицирани се вкупно 4.418 дози вакцини, од кои 1.132 се аплицирани како прва доза, 3.129 се ревакцинирани, а 157 граѓани примиле трета доза вакцина.

„Заклучно со 9 октомври вкупно се вакцинирани 795.186 граѓани, ревакцинирани се 748.563, а трета доза примиле 782 граѓани. 53 проценти од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 проценти од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47 проценти, а со две дози опфатени се 45 проценти од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 проценти од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 проценти од популацијата во државата примила две дози вакцина,“ се вели во соопштението.