Македонија МВР: Внатрешна контрола го истражува полициското постапување на протестот во Скопје

МВР: Внатрешна контрола го истражува полициското постапување на протестот во Скопје

Мнистерството за внатрешни работи денеска соопшти дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и за професионални стандарди веќе постапува по налогот за детално истражување на полициското постапување при протестот на неколкумина граѓански активисти вчера по повод презентацијата на воена, медицинска и техничка опрема на НАТО во Скопје.

Од МВР наведуваат дека доколку се утврди пречекорување на преземените полициски дејства, тоа ќе биде соодветно санкционирано.

– Правото на протест е неприкосновено и со Уставот на Република Македонија – загарантирано право кое што, меѓу другото, полицијата има должност да го штити, исто како што има должност да го штити јавниот ред и мир и сигурноста и безбедноста на сите граѓани на Република Македонија – наведуваат од МВР.

Министерството исто така категорично ги демантира сите наводи за приведување лица во врска со посочениот настан.