Македонија МВР вчера во Скопје санкционира 258 возачи

МВР вчера во Скопје санкционира 258 возачи

Фото: МВР

Министерството за внатрешни работи, МВР, во текот на вчерашниот ден (25 декември) на територијата на град Скопје изрече вкупно 258 мерки, меѓу кои 16 за возење без возачка дозвола, 9 за некористење на сигурносен појас, 19 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 14 за користење на мобилен телефон и 8 санкции за минување на затворен семафор (црвено светло). Изречени се и 84 мерки за непрописно паркирање, а 76 возила се подигнати со специјално возило „пајак“. За неносење на заштитна маска изречени се 23 санкции, соопштија од МВР.

Само во Општина Центар се изречени вкупно 130 мерки од кои 8  за возење без возачка дозвола, 7 за нерегистрирани возила, 7 за минување на затворен сигнал – црвено светло и 11 за зборување на мобилен телефон.

Од МВР најавуваат засилени сообраќајни контроли и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.