Македонија МВР вчера санкционира 201 возачи во Скопје

МВР вчера санкционира 201 возачи во Скопје

Фото: МВР

Министерството за внатрешни работи, МВР, информира дека во текот на вчерашниот ден, 3 јануари 2021 година, во Скопје санкционира 210 возачи, од кои 78 за непочитување на брзината на движење. При тоа се изречени вкупно 210 мерки, од кои 78 за управување со брзина поголема од дозволената, 22 мерки за возење без возачка дозвола, 17 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 10 санкции за управување под дејство на алкохол, 12 за користење на мобилен телефон и 5 мерки за поминување на затворен семафор -црвено светло.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, соопшти МВР, и најави дека ќе продолжи со засилени акциски контроли во областа на сообраќајот.