Хроника МВР со акција во ресторани, казина и обложувалници: Приведени се тројца, пронајдена...

МВР со акција во ресторани, казина и обложувалници: Приведени се тројца, пронајдена е дрога

Во акцијата биле опфатени 290 угостителски објекти, казина и обложувалници на триесетина локации низ државата

Фото: Министерство за внатрешни работи

Министерството за внатрешни работи од полноќ до 4:00 часот утрово спровела акција во ресторани, казина и обложувалници, при што се приведени три лица.

Кај еден од приведените полицајците пронашле седум пакувања марихуана, кај друг е откриено оружје, а третиот е задржан поради точење алкохол на малолетници, соопшти МВР.

Во акцијата биле опфатени 290 угостителски објекти, казина и обложувалници на триесетина локации низ државата.

Исто така, биле констатирани прекршоци од Законот за приватно обезбедување, Законот за прекршоци против јавинот ред и мир и Законот за лична карта.

Инспекторите во две казина затекнале малолетници, што е спротивно на Законот за игри на среќа а во два угостителски објекти и две казина пронашле неусогласеност со Законот за инспекција на трудот.

„Акциските контроли во угостителски објекти и казина ќе продолжат и во наредните денови“, велат од МВР.