Главна секција МВР се обиде неовластено да го снима рочиштето за случајот „Фабрика за...

МВР се обиде неовластено да го снима рочиштето за случајот „Фабрика за афери“

Тројца припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска неовластено го снимаа рочиштето за случајот „Фабрика за афери“ во кој првообвинет е Захир Беќири, познат по прекарот Чауш и предизвикаа скандал во судницата. Тие престанаа со снимањето, по жестоката реакција на судијката Гордана Спиревска, која им нареди да ги избришат снимките.

– Како можете да си го дозволите ова? Нели треба да го штитите судот? Кој ви даде дозвола за вакво нешто? – реагирала судијката, пренесува „Академик.мк“.

Едно од лицата од МВР одговорило дека наредбата му ја дал надлежниот старешина, по што судијката побарала снимките веднаш да бидат избришени. Судијката потоа и се уверила дека тоа е сторено проверувајќи ја камерата.

Тројцата припадници на МВР и натаму останале во судницата.