Македонија МВР поднесе две прекршочни пријави против напаѓачот на новинарот Беловски

МВР поднесе две прекршочни пријави против напаѓачот на новинарот Беловски

Министерството за внатрешни работи поднесе две прекршочни пријави против К.П. од Скопје за нападот на Павле Беловски, новинарот од телевизија „Телма“.

„Вчера околу 21 часот, на улица Димче Мирчев, пред главната капија на МВР, Б.П. (29) бил физички нападнат од К.П. (32) од Скопје, при што повеќепати бил удиран со раце и со нозе во главата и по телото и му биле нанесени видливи повреди. К.П. бил приведен во полициската станица Центар и по целосно расчистување на случајот поднесени му се прекршочни пријави по член 6 и член 12“, информираат од МВР.

По синоќешниот напад, со реакции на осуда излегоа новинарските здруженија, Самостојниот синдикат на новинари, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и неколку политички партии.