Македонија МВР почна со достава на готови лични карти и дозволи на домашна...

МВР почна со достава на готови лични карти и дозволи на домашна адреса во Скопје

Пилот проектот ќе се врши преку полициските станици, исклучиво во Скопје

Фото: Порталб.мк

Министерство за внатрешни работи известува дека со цел да се олесни и забрза процесот на промена на личните документи, започна со имплементација пилот проект на територијата на Скопје за доставување на готови лични карти и возачки дозволи на домашна адреса.

Пилот проектот ќе се врши преку полициските станици, исклучиво во Скопје.

Од МВР известуваат и дека утре, во сабота (27.01.2024) ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во Беко и МРТВ (од 08 до 16 часот).