Македонија МВР: Од денеска влез во Грција и со негативен, брз тест за...

МВР: Од денеска влез во Грција и со негативен, брз тест за ковид-19

Фото: Polina Tankilevitch from Pexels

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните, дека согласно известувањето од грчките гранични служби од граничниот премин „Евзони“, има измени во протоколот за влез во Грција.

Од денеска, 19 јуни 2021 година, од 06.00 часот на граничниот премин „Евзони“, освен со ПЦР тест, не постар од 72 часа, сертификат за примена вакцина (со поминати 14 дена од втора доза) и доказ за прележан ковид-19 (од 2 до 9 месеци), влез на наши државјани се дозволува и со негативен брз тест за ковид-19, не постар од 48 часа.

Според измените, за деца до 12-годишна возраст нема потреба од ПЦР-тест, а деца постари од 12 години, треба да поседуваат брз тест или ПЦР тест. Електронската најава на сајтот www.travel.gov.gr за прибавување на ПЛФ документ е задолжителна.

Како и досега, на „Евзони“ нема да се дозволува влез од 22.00 часот до 06.00 часот по македонско време.