Македонија МВР: Лирим Јакупи – Нацист е во домашен притвор во Косово, не...

МВР: Лирим Јакупи – Нацист е во домашен притвор во Косово, не на Шар Планина

Македонското министерство за внатрешни работи попладнево соопшти дека Лирим Јакупи – Нацист е во домашен притвор во Косово. МВР реагираше со соопштение поради информациите на некои веб-портали деновиве, дека наводно Јакупи со вооружена група од околу 80 луѓе се наоѓа на Шар Планина.

„Во врска со информациите што деновиве беа објавени на некои веб-портпали дека, наводно, лицето Лирим Јакупи – Нацист се наоѓа на Шар Планина заедно со 80 вооружени лица, Министерството за внатрешни работи на Република Македонија ја информира јавноста дека се преземени сите активности и дека во соработка со институциите во Косово, добиена е информација дека лицето Лирим Јакупи – Нацист се наоѓа во домашен притвор во Косово“, гласи соопштението од МВР.