Хроника МВР казни 48 полицајци

МВР казни 48 полицајци

Министерството за внатрешни работи минатата недела казни 48 вработени поради сторени повреди во работењето.

Како што стои во соопштението од МВР, по претходно спроведена дисциплинска постапка, донесени се решенија против 48 вработени. На 43 вработени им е изречена парична казна, додека за пет вработени изречена е мерка за запирање на постапката.