Хроника МВР казни 30 полицајци

МВР казни 30 полицајци

Во текот на минатата недела, по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 30 решенија против 30 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето.

Како што соопшти МВР, на 23 вработени изречена им парична казна, за четворица вработени преземено е запирање на постапката, еден вработен е писмено предупреден, еден вработен е распореден на работно место кое е едно ниво пониско, а на еден вработен изречен му е отказ.