Македонија МВР ги објави улиците кои ќе бидат затворени утре и задутре

МВР ги објави улиците кои ќе бидат затворени утре и задутре

Од МВР соопштуваат дека ќе бидат затворени улици на територијата на Општините Карпош и Центар за време на Министерскиот самит на ОБСЕ

Илустрација: Порталб.мк

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од 29.11.2023 (среда) од 13 часот, па сѐ до завршување на Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) 2023 година на 30.11.2023 (четврток), кој ќе се одржува во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, за сообраќај ќе бидат затворени булеварот „Илинден“ од крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“ во Центар до крстосницата со ул.„Љубљанска“ во Карпош 4, а затворен ќе биде и булеварот „8 Септември“ во, како и од крстосницата со ул. „Скупи“ до крстосница со бул.„Партизански одреди“ во Карпош 3.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје. МВР апелира до сите граѓани – учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.