Македонија МВР: Документите на Заев се лага, УБК никогаш не следела новинари незаконски

МВР: Документите на Заев се лага, УБК никогаш не следела новинари незаконски

Министерството за внатрешни работи преку соопштение реагира на денешната прес-конфереција на лидерот на СДСМ, во кое се вели дека документите што денеска ги презентираше Заев, а се однесуваат на прислушувани и следени новинари, се најобична лага, а не документи на Упрвата за безбедност и контраразузнавање (УБК).

„Министерството за внатрешни работи и УБК во време на сегашното раководство никогаш незаконски не следеле ниту правеле анализи на новинари. Во целост сме ги почитувале Уставот и Законите на Република Македонија и сме работеле во согласност со истите. Најостро ги демантираме сите изнесени клевети и конструкции објавени денеска од страна на четвртоосомничениот Зоран Заев“, стои во соопштението од МВР.

На крајот во сопштението се наведува дека со денешната пресуда за еден од осомничените почнала разврската на случајот „Пуч“.