Македонија МВР: До 20.43 часот евакуиравме 30 пратеници

МВР: До 20.43 часот евакуиравме 30 пратеници

Министерството за внатрешни работи информира дека до 20:43 часот се евакуирани 30 пратеници, како и дека се преземаат мерки за средување на состојбата во Собранието.

МВР со соопштение извести дека во седиштето функционира оперативен штаб, во кој се присутни министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, и неговиот заменик, Бесир Деари, како и помошници на министерот, на директорот и други членови на оперативниот штаб.

Според МВР, во 20.08 часот Чавков издал наредба за специјалната единица на МВР да создаде услови за безбедна евакуација на пратениците, а специјалците влегле во Собранието во 20.27 и потоа ги евакуирале пратениците.

Според МВР, повредени се неколку пратеници и десетина полицајци, кои се префрлени на скопските клиники.