Македонија МВР: 50 прекршувања на полицискиот час во текот на изминатата ноќ

МВР: 50 прекршувања на полицискиот час во текот на изминатата ноќ

Фото: Суад Бајрами, Порталб.мк

Полициските службеници во текот на изминатата ноќ констатирале 50 прекршувања на полицискиот час од лица кои не ја почитувале забраната за движење, информира Министерството за внатрешни работи. За овие 50 лица кои не ја почитувале забраната за движење меѓу 20 и 5 часот ќе следуваат кривични пријави.

Од МВР информираат дека во текот на изминатото деноноќие, пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 678 прекршоци.

„Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на ковид-19“, се вели во соопштението на МВР.